Преземи

Како да ја деинсталирам апликацијата

Отстранувањето на апликацијата е сосема едноставно, исто како деинсталирањето на која било друга Android апликација. Само допри ја и задржи ја иконата и избери ја опцијата „Деинсталирај“. Ништо полесно!

Деинсталирање

Апликацијата можеш да ја деинсталираш како и секоја друга Android апликација. Само допри ја и задржи ја иконата и избери Деинсталирај.

Зошто не можам да ја деинсталирам апликацијата?

Кога на уредот има повеќе кориснички сметки и еден корисник ја инсталира апликацијата, таа се инсталира за сите корисници. Затоа понекогаш не можеш да ја деинсталираш или повторно да ја инсталираш од својот кориснички профил - таа сè уште е присутна кај друг корисник.
Овој проблем може да се реши на два начина. Пробај го оној што ти одговара:

  1. Најави се во профилот на тој корисник и деинсталирај ја апликацијата.
  2. Деинсталирај за сите корисници (треба да бидеш администратор). Оди во Поставки > Апликации, најди ја апликацијата и отвори ги информациите за неа. Потоа отвори го менито со повеќе опции (3 вертикални точки) и избери Деинсталирај за сите корисници.

Јазик