Преземи

Приватност и недоумици

Апликацијата сама се деинсталира

Кога ќе ти се чини дека апликацијата исчезнала, можеби само си игра криенка поради функциите за заштеда на меморија или батерија на твојот уред.
Завири во Google Play во делот „Инсталирани апликации“ за да провериш дали е сè уште тука. Исто така, брзо прегледај го почетниот екран за да се увериш дека иконата на апликацијата не одлутала некаде.
Така ќе дознаеш дали апликацијата навистина ја нема или само не се гледа.

Дали апликацијата е безбедна?

Од своето лансирање во 2016 година, нашата апликација им донесе музика на повеќе од 200 милиони корисници и си го обезбеди местото на доверлив музички придружник на Google Play.
Нејзиниот склад меѓу безбедност и доверливост, заедно со посветеноста на лиценцирана музика, создава слатка мелодија на законитост и сигурност.
Оваа комбинација нуди сигурно засолниште за твоето музичко патување, за секоја нота и секој стих да бидат вистинско задоволство и безбедно ехо во твојот дигитален свет.

Зошто толку многу ажурирања?

AT Player се развива со секое ажурирање за да оди во чекор со музиката и да ја предводи симфонијата на апликации. Нашиот тим работи деноноќно: ја дотерува работата на апликацијата, ги отстранува грешките што ја нарушуваат хармонијата и воведува нови функции за уште подобро слушање.
Ажурирањата се осмислени да трошат малку мобилни податоци, а да го збогатат твоето искуство со апликацијата. Така твоето музичко патување продолжува без прекин, поставките остануваат зачувани, а плејлистите постојано растат со најновите хитови. Биди во тек со AT Player, каде што музиката никогаш не испушта ниту еден такт.

Дали ги продавате моите податоци?

Апликацијата ја цени твојата приватност и не ги продава твоите лични податоци. Наш фокус е подобрувањето на твоето музичко искуство, а не заработката од твоите податоци. Податоците ги користиме за персонализирани препораки, за прикажување насочени реклами (кои можеш да ги контролираш) и за подобрување на работата на апликацијата преку поправки на грешки. За детален увид во тоа како постапуваме со податоците, прочитај ја нашата Политика за приватност во менито на апликацијата.

Дали апликацијата содржи вирус или малициозен софтвер?

Апсолутно не! AT Player ја раздвижува музичката сцена уште од 2016 година и му веруваат над 200 милиони корисници ширум светот. Целосно сме сертифицирани од Google Play, ги поминавме сите задолжителни проверки и имаме соодветни договори за лиценцирање - нашите акредитиви се цврсти како карпа.

Еве што може да предизвика загриженост:

Режим Заклучен екран: Нашиот вграден режим за штедење енергија, односно режимот за џеб, може да изгледа непознато. Само повлечи ја лентата на дното на екранот за да излезеш - тоа е функција, а не грешка!

Ненадејни скокачки прозорци: Ако гледаш неочекувани скокачки прозорци, најверојатно доаѓаат од други апликации на твојот уред, а не од AT Player. Обиди се да ги деинсталираш сомнителните апликации од трети страни што се неодамна инсталирани.

Невообичаени реклами: Понекогаш рекламните мрежи од трети страни може да прикажат реклами со слаб квалитет. Ако забележиш нешто сомнително, направи слика од екранот и пријави го на atplayer.com/contact - веднаш ќе ги блокираме тие реклами.

AT Player е безбедна и проверена музичка платформа, компатибилна со речиси сите уреди. Тука сме за да ти донесеме одлична музика, а не главоболки. Имаш прашања? Секогаш те слушаме!

Зошто апликацијата добива пристап до Google сметката?

Нашата апликација се однесува кон твојата Google сметка со најголема почит и ја чува нејзината приватност. Таа не може ниту да ѕирне во податоците на твојата Google сметка, ниту да промени нешто во нив.
Единствено комуницира со твојата Google сметка кога ќе ѝ дозволиш да увезе YouTube плејлисти, а и тогаш само гледа и ништо не допира.
Во секое време можеш повторно да ги провериш дозволите на апликацијата и да се увериш дека твоите податоци остануваат твои, безбедни и заштитени.

Дозволи за Google сметката

Нашата апликација, официјално призната од Google Play, не пристапува до чувствителни податоци од твојата Google сметка и не ги краде. Таа само увезува YouTube плејлисти со твоја изречна дозвола. Со оваа функција можеш да управуваш или да ја повлечеш дозволата во секое време преку поставките за дозволи на апликацијата.
Безбедноста и приватноста на корисниците ни се на прво место, затоа се грижиме да нема пристап до контактите и да не бидат загрозени никакви други чувствителни податоци. Ако нешто те загрижува или сакаш да пријавиш неочекувано однесување на одредени уреди, препорачуваме да ажурираш на најновата верзија, која може да содржи поправки. Деталните повратни информации, вклучително и слики од екранот, ни се од непроценлива помош за ефикасно решавање на проблемите.

Бесплатна музика и позадинска репродукција? Доста со бајки!

Нашата апликација ветува бесплатно музичко патување и навистина го нуди, со библиотека од над 30 милиони песни што чекаат да ги слушнеш.
Позадинската репродукција ти овозможува непрекинато да уживаш во музиката додека правиш повеќе работи истовремено или кога ќе го заклучиш екранот.
Отвори го огромниот океан од песни без никакви трошоци.

Дали апликацијата може да ги избрише моите датотеки?

Без грижа, изгледа дека можеби е вклучена функцијата за игнорирање во апликацијата, па твоите музички датотеки малку си играат криенка во неа - но не заминале никаде!
Само не се прикажуваат во апликацијата. За повторно да се сретнеш со своите песни, отвори која било апликација за управување со датотеки на уредот и погледни.
Твојата музика би требало да е токму таму каде што отсекогаш била. Пробај и кажи ни како помина!

Зошто апликацијата има друго име?

Поради ограничувањата за должината на насловите на Google Play, нашата апликација таму има поинакво име.
Но, без грижа! Ова е истата автентична и безбедна апликација што ги исполнува строгите безбедносни стандарди на Google Play.
Посветени сме на тоа да ја заслужиме и зачуваме твојата доверба и да се погрижиме нашата апликација и понатаму да ги погодува највисоките ноти во безбедноста при слушање музика и во корисничкото искуство.

Јазик